Македонија со своите природни убавини нуди широки можности за авантуристички екскурзии низ целата година.
 
Позната како планинска земја, богата со четириесетина планини и планински масиви, Македонија е одлична можност за сите оние кои сакаат да ги истражат вистинските природни убавини, а исто така и да избегаат од секојдневието и да си дозволат одмор и релаксација.

Едно од местата кое заслужува да биде посетено е новоотворениот Хотел Гогов, кој што се наоѓа во срцето на градот Пехчево, и е првиот и единствен хотел во центарот на градот, опкружен со густите борови и дабови шуми на Малешевските планини.Хотел Гогов го претставува сето она што му недостигаше на градот повторно да се разбуди и да привлече бројни туристи, кои ќе можат да уживаат во малешевски природни убавини во секоја временска сезона.

Покрај чистиот планински воздух неопходен за добар одмор, во склоп на Хотел Гогов има и СПА центар опремен со финска сауна и парна бања, џакузи, како и посветен стручен тим за различен тип масажи, за уште поголемо уживање и вистинска релаксација.