Велосипедска и мото патека: Пехчево – Равна Река – С. Споково
Патека: Пехчево - Равна Река - с.Спиково - Пехчево
Категорија: Средно тешка
Старт: Пехчево
Крај: Пехчево
Висина: 601 m
Должина: 29.7 km
Време на движење со велосипед: 6 часа
Категорија: Средно тешка
Старт: Пехчево
Крај: Пехчево
Висина: 601 m
Должина: 29.7 km
Време на движење со велосипед: 6 часа
Љубителите на планинскиот велосипедизам можат да уживаат во возењето на патека со должина од 29.7 километри. Патеката е кружна, започнува во Пехчево и поминува низ туристичката населба Равна река каде можат да се видат прекрасните Пехчевски водопади. Велосипедската патека потоа продолжува низ борови и букови шуми со опојни миризби низ кои продираат зраци сончева светлина. По должината на возењето се искусуваат убави пејзажи и бројни ливади за одмор и пауза. Патеката со велосипед се поминува за околу 6 часа и е средно тешка. Ова возење ќе ја тестира вашата физичка спремност и кондиција.
https://www.bikemap.net/en/route/3491028-pehcevo-proba-1/#/z14/41.74508,22.93115/terrain