Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Вртена скала

На 7 километри од Пехчево, на јужните падини од планината Буковиќ и десната страна на Пехчевската Река, се наоѓа карпестата формација со карактеристичен изглед Вртена Скала. Формацијата е висока околу 5 метри, на средишниот дел има отвор широк околу 0,6 метри и долг околу 2,5 метри. Постои легенда помеѓу локалното население поврзано со местото Вртена Скала. Ова место е многу достапно за посетители и пристапот до карпата е уреден и обезбеден.