Ресторан и бар

Ресторанот на Хотел Гогов, со капацитет за 70 гости нуди разновидни јадења, подготвени на традиционален начин, типичен за Малешевското поднебје. Според локалната традиција оваа кујна изобилува со млечни производи, печива и разни рецепти од тесто, месни деликатеси печени во фурна, речна пастрмка, горски печурки, слатка од шумски плодови и уште многу други локални и традиционални специјалитети кои треба да се откријат и вкусат.