Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Излетничко место Равна река

На само околу 10 километри од Пехчево, во преубавата и раскошна природа на Малешевските планини, сместена е Равна Река. Целиот овој комплекс е покриен со висока букова и борова шума, а во неа се изворите на Брегалница, втората според должина најголема река во Македонија, и 5 водопади од кои највисокиот е 14 метри. Нема податоци за тоа како Равна Река го добила своето име, но се претпоставува дека е именувана по стариот град Равен, во кој престојувале браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и култура, за време на нивната Брегалничка мисија, кога всушност ја создале глаголицата. На неколку километри од излетничкото место Равна Река, има ископини од стара населба, додека пак, од Равна Река до границата со Бугарија има уште десетина километри во кои царува недопрената природа. Населено место во близина нема ни од двете страни на границата.