Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Планинарска патека Пехчево - Врв Кадиица 1932 м.н.в

Патека: Пехчево - врв Кадиица - Пехчево
Категорија: Средно тешка
Старт: Пехчево
Крај: Пехчево
Висина: 932 m
Должина: 21 km
Време на движење со велосипед: 6-7 часа

Патеката е долга 21 километар и започнува од центарот на градот Пехчево на 1000 метри надморска височина. После 7 километри пешачење се стигнува до карпестата формација, локалитетот Вртена скала. Висинската разлика на патеката е 932 метри. Патеката минува низ борова и букова шума. Највисоката точка на патеката е врвот Кадиица на планината Влаина кој е втор врв по големина во источниот дел на Република Македонија, на 1932 метри надморска височина. Планината се протега долж самата граница со Бугарија и нуди прекрасен поглед кон Македонските планини и селца, како и кон планините Рила и Пирин во Бугарија. Втора највисока точка на патеката е врвот Орловец на планината Буковик со 1723 метри надморска височина. При крајот на патеката на одалеченост од 3,5 километри од градот Пехчево и на надморска височина од околу 1200 метри се наоѓа инсектојадното растение Drosera Rotundifolia. Патеката завршува во центарот на Пехчево, повторно на 1000 метри надморска височина.

https://www.bikemap.net/en/route/3491028-pehcevo-proba-1/#/z14/41.74508,22.93115/terrain