Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Авантуристички парк Панорама Пехчево/ Адреналинска патека и Zip-линија

Авантуристичкиот парк Панорама Пехчево е со вкупна должина од 600 метри, како и 36 рампи од кои 24 се само за возрасни, додека 12 се за деца. Паркот е составен од два дела:

·       Адреналинска патека, со должина од 360 метри, која бара голема физичка и психичка подготвеност, и го предизвикува стравот, а истата е наменета за возрасни;

·       Zip-линија со должина од 240 метри за возрасни и за деца, која е во состав на барскиот-еко систем ,,Езерце’’, каде што целото семејство може да помине дел од денот за одмор и рекреација.

Zip-линијата и адреналинската патека преставуваат структура од јажиња и сајли кои висат од едниот до другиот крај на патеката од високите дрва во густата шума, а се прицврстени за помошни објекти, па дури и за карпите или издигнувањата во релјефот. Како препреки во конструкцијата на zip-линијата и адреналинската патека се поставени цик-цак скали, буриња, колци и трупчиња, столбови, лулашки и греди, симулирани автомобилски гуми, мрежи, мостови.

За сите љубители на авантуризмот, паркот нуди забавен адреналински предизвик преку возбудливото едрење низ планинскиот воздух, меѓу високите стебла на неверојатната борова шума и над малото барово езерце под линијата. Сето тоа на висина од 4 до 6 метри од тлото за сосема ново и неверојатно искуство.

Во паркот на располагање има инструктори кои овозможуваат обука и помош при надминување на препреките и безбедно спуштање на земја за сите посетители. Доколку корисниците на паркот се придржуваат кон упатствата на одговорните лица и ја носат потребната опрема, загарантирана е 100 процентна безбедност на сите кои би сакале да ја изодат патеката.

Правила на Авантуристички парк Панорама Пехчево