Инсектојадно растение Drosera Rotundifolia
Инсектојадното растение Drosera rotundifolia (округлолисна муволовка) се наоѓа на локалитетот Јудови ливади, на само 3,5 километри од Пехчево, на надморска височина од околу 1200м и претставува ендемски вид, затоа што го нема на друго место на Балканот, а застапено е само на неколку места во светот. Се карактеризира со зелени листови и црвен цвет, со кој ги привлекува инсектите и го цица нивниот сок, а потоа лушпата ја исфрла надвор. До ова растение може да се стигне со теренско возило, велосипед за планински велосипедизам или со пешачење преку две патеки:
· Велосипедската патека која води од градот Пехчево до инсектојадното растение и која е обележана со табли;
· Патеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура, која води од селото Негрево до инсектојадното растение, патека која е обележана со едукативно – информативни табли.
Правила на Авантуристички парк Панорама Пехчево