Пехчевски водопади
На неколку километри од туристичката населба Равна Река се наоѓа местото Ченгино кале, познато уште и како најисточната точка на Македонија. Од Ченгино Кале извира реката Брегалница, а од под него извираат двете помали реки Љутачка и Ж’тачка река, кои на местото Скокото се влеваат во друга река која продолжува во Равна Река. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади.
Пехчевските водопади, вкупно пет, се првиот репрезент на природните убавини кои реката Брегалница ги создава по своето течение.
· Спиковски водопад – се наоѓа на Спиковска река, десната притока на Равна Река, по што го добил своето име. Уредна пешачка патека од околу 500 метри, со поставени летниковци и клупи за одмор води кон овој водопад, а на самиот почеток на патеката, се наоѓа и еден помал водопад. Бистрата вода на овој водопад паѓа од околу 8 метри. Додека пак, во текот на летните сушни периоди водата од водопадот значително се намалува.
· Црндолски водопад – Именуван е според местото каде што се наоѓа. Црн дол е, исто така уште една притока на Равна Река. Уредната пешачка патека што води до овој водопад, долга околу 400 метри е исполнета со многу летниковци и места за одмор на посетителите и е доста погодна за пешачење. Водата во овој водопад паѓа од 5 метри височина.
· Скокото – Ова е третиот водопад кој се наоѓа на горниот дел од Велевичка Река, веднаш по влевањето на Љутачка и Ж’тачка Река една во друга и со самото тоа изобилува со огромно количество вода. Водата од овој водопад има пад од околу 7 метри височина. До самото место води уредена пешачка патека која почнува од местото наречено Дебел Рид и е со должина од околу 1500 метри.
· Водопад на Љутачка река – Четвртиот водопад може да се посети само со теренско возило. По патот има поставено клупи за одмор, но околу водопадот нема пешачка патека. Водата прави пад од височина од околу 10 метри.
· Ж'тачки водопад – Петтиот водопад.