Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Патеката на Петко и шумсите жители - Пехчевска авантура

Патеката на Петко и шумските жители – Пехчевска авантура е всушност едукативен проект за ученици и туристи, кој се однесува на областа зачувување на биодиверизитетот, преку едукација и примена на практики од неформалното образование. Патеката почнува од местото каде се гради Едукативниот центар во село Негрево, Пехчево, а завршува во близина на местото каде вирее инсектојадното растение муволовка.

На оваа патека има поставено едукативни табли кои содржат информации за карактеристиките на одредени видови од брегалничкиот регион. Преку учењето во природа на сите учесници им се доближуваат теми од областите на биодиверзитетот, животната средина и природата, како и нивна заштита.